ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Светлана Јовановска: Имам многу голема среќа да го правам тоа што го сакам

Сигурно сте го слушнале нејзиниот моќен глас и сте ја почувствувале нејзината заразна енергија секојпат кога таа настапува.

Во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“ ја претставуваме Светлана Јовановска, една од најистакнатите вокалистки во Македонија, со 20-годишна кариера и многу настапи.

Светлана е препознатлива и по оригиналниот печат – сјајната црвена коса, широката насмевка, очи што блескаат… И покрај сè, таа секогаш наоѓа време за себе, благодарна за секој миг, ни објаснува Светлана.

– Имам многу голема среќа да го правам тоа што го сакам многу години – вели Светлана.

Музичкото паување на Светлана започнало уште од рана возраст, пеејќи во прочуени детски хорови и фестивали како „Плетенка“, „Златно славејче“, „Развигорче“ итн. Таа е најпозната како фронтмен на бендот „Саут парк“, кој стана неизбежен дел од скопската ноќна сцена уште од раните 2000-ти години. Низ годините, „Саут парк“ го менувал составот, а сега брои пет члена, од кои Светлана е вокалистка на бендот од самиот почеток. По долги години кариера ја издадоа и авторската песна „Најмил мој“, продуцирана од Александар Ристовски – Принц.

– Во тоа време во гаражата каде што правевме проби, едниот од дечките што порано свиреше со нас, донесе еден постер, да речам, со нашите ликови направени во фазон на „Саут парк“ ликовите. И кога требаше да ја договориме првата свирка, немавме име. „Како ќе се викаме?“ – Ај „Саут парк“ ќе се викаме. И остана така… – вели Светлана за „Слободен печат“ за тоа како бендот го добил името „Саут парк“ .

 

Позната е и по негувањето на сопствениот стил и авторските песни што ги красат нивните изведби. Светлана е позната и како солистка, настапувајќи со Македонската филхармонија, како и на престижниот музички фестивал на забавни мелодии „Макфест“.

На прашањето како изгледа секогаш толку свежо и позитивно, Светлана ни одговори дека сè не изгледа како што е на сцената. Мора да е подготвена, одморена и нахранета, заклучува пејачката. Таа неделно има по неколку свирки, што воопшто не е е лесно како што изгледа, особено затоа што има и друга паралелна професија.


Проследете го нашиот разговор на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот