ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Амар Мециновиќ, портпарол на Левица: Ставивме знак на еднаквост помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: Утрински печат

Постои сценарио во кое Левица би го поддржала вметнувањето во македонскиот Устав на нашите сограѓани од бугарска националност, но тоа мора да биде реципроцитет, вели портпаролот на Левица Амар Мециновиќ.

– Но толку сме далеку од тоа сценарио и не е вредно да се коментира. Иако помеѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ може да се повлече некаква паралела бидејќи сме во опозиција, но очигледно дека та паралела е сè поматна бидејќи знак еднакво може да се стави помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Зошто го зборуваме ова, бидејќи Левица веќе две години во континуитет бара прекин на преговорите со Бугарија, не од друг мотив туку знаеме од политичка интуиција каде водат овие работи, а водат до нарушување и губење на суверенитетот на Република Македонија – изјави Мециновиќ.

Левица е проевропска партија, тврди Мециновиќ, но вели дека на Македонија и направена неправда, бидејќи за прв пат во политиката на проширување на ЕУ, земјите членки ќе можат да ги менуваат веќе затворените поглавја. Вели и дека преговорите со ЕУ нема да прекинат, доколку ние ги прекинеме преговорите со Бугарија.

– Во септември бевме на состанокот на европската левица во Брисел, со другите левичарски партии од Европа и тоа што можевме да го заклучиме е дека оваа субординирана позиција во која се наоѓаме е резултат на континуираното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ, односно откако сме земја кандидат – вели тој.

Мециновиќ тврди и дека Левица би можела сериозно да се нафати со управувањето на државата, доколку во иднина ја добие довербата на електоратот, но и дека оваа партија нема намера да влегува во коалиции со партиите од власта или со ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека Левица има платформа и само по тој основ би можела да влегува во коалиции.

Целото интервју со Амар Мециновиќ погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот