ВИДЕО | Инцидент во Неготино: Голманот на Охрид нападнат од навивач

Фото: Screenshot

По вчерашниот натпревар помеѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос кој гостите го добија со 0:1 се случил инцидент во кој повреден бил голманот на гостите.

Голманот Андов по последниот судиски свиреж бил нападнат од фан на домаќините во турканицата која настанала поради лошата организација на средбата.

Од редовите на Охрид објавија соопштение во кое бараат реакција од одговорните во Фудбалската федерација.

„Фудбалската игра во Неготино беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со спортот. Поради лошата организација дојдовме до ситуација која не можеше да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. Бараме реакција од одговорните лица на федерацијата, вакви сцени го уназадуваат македонскиот спорт“, стои во соопштението на Охрид Лихнидос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот