ВИДЕО | Инцидент и во Куманово: На еден од судиите му било оштетено и возилото

Фото: Screenshot

Последното коло во македонскиот фудбал поминува во знакот на инцидентите посебно во второлигашка конкуренција.

Откако претходно беше објавено за инцидентот во Неготино каде што имаше напад врз голманот на Охрид, сега МВР потврди дека судиите се соочиле со проблеми во Куманово на средбата Башкими – Беласица.

Судиите биле попречувани да влезат во соблекувалната, а на еден од нив му било оштетено и возилото.

„На 25.09.2024 во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото ‘фиат браво’ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

ФФМ го суспендираше и теренот во Неготино

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот