Видео I Вечерва во Багдад нов ракетен напад врз американската амбасада

Фото: twitter

Неколку ракети вечерва се истрелани врз американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад, соопштија безбедносни извори.

Ова е прв ваков напад откако проиранските фракции минатиот месец се согласија да престанат со бомбардирање на дипломатското претставништво на САД.

Биле слушнати неколку силни експлозии, проследени со звуци на брзи истрели и црвени факли кои го осветлуваат небото, што укажува на тоа дека бил употребен системот за противракетна одбрана „C-RAM” на амбасадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот