ВИДЕО: Хорор на автопатот Тетово-Скопје, мотор, а потоа возило прегази куче скитник

Фото: Принт скрин

На социјалните мрежи се споделува вознемирувачко видео од автопатот Тетово-Скопје на кое се гледа како едно куче лежи покрај патот кое претходно било удрено од мотор. Од ударот кучето најверојатно пцовисало, а моторот паднал на земја. Додека возачот го подига моторот човекот кој го снима видеото коментира на Албански јазик „Ова се инцидентите на автопатот Тетово- Скопје, но за неколку секунди тој регистрира уште еден инцидент. На снимката се гледа како возило удира друго куче, дигајќи го во воздух неколку метри со предницата на автомобилот.

На автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, често пати животни, претежно кучиња – скитница, како и мечки, волци и лисици, овци и коњи, зајци го преминуваат коловозот, предизвикувајќи сообраќајни несреќи.

Од СВР – Тетово велат дека главен проблем е необезбедениот автопат каде често пати заштитната мрежа или ја нема или е оштетена и животните слободно се движат по автопатот.

Оттаму со апел надлежните да ги контролираат патиштата и истите да бидат обезбедни со соодветна мрежа, за да се избегнат вакви сообраќајни несреќи.Во текот на една година според статистиката на полицијата се регистрираат над 100 сообраќајки – предизвикани од животни.

„Едвај излегов жив“: Кумановец раскажа за „блиска средба“ со мечка на автопатот Тетово-Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот