ВИДЕО: Холандија со головите на Гакпо и Мален ја совлада Романија за четвртфинале на ЕП

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Фудбалерите на Холандија ја совладаа Романија со резултат 3:0 во натпреварот од осминафиналето на Европското првенство во Германија. Стрелци беа Коди Гакпо во 18 минута и резервниот играч Мален во 83 и третата минута од судиското надополнување.

Романија одлично влезе во натпреварот и со висок притисок се обиде да ја изненади Холандија. Сепак, тоа беше краткотрајно и Холандија полека ја презеде иницијативата.

Стрелец на водечкиот гол беше Гакпо по одличен удар, а потоа се случи вистинска инвазија на голот на Романија и шансите се редеа како на лента до крајот на првото полувреме.

За чудо немаше промена во резултатот и беше само 1:0 за Холандија. Холанѓаните имаа нови шанси, Депај го промаши невозможното, Ван Дајк ја погоди стативата, Верман имаше зицер.

Сепак, големата иницијатива вроди со плод во 83 минута, кога Мален ги реши сите дилеми околу победникот. Истиот играч го постигна конечниот резултат по контранапад во судиското надополнување.

Во четвртфиналето на ЕП Холандија ќе се сретне со подобриот од натпреварот Австрија-Турција, кој е закажан за 21.00 часот во Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот