ВИДЕО: Халанд блескаше со хет-трик против Ипсвич во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Фудбалерите на Манчестер сити ја запишаа и втората победа во новата сезона во Премиер лигата откако пред своите навивачи славеа над Ипсвич со 4:1.

Гостите водеа од седмата минута со голот на Смодикс, за краток период „граѓаните“ успеаја да направат целосен пресврт, и тоа за неполни пет минути.

Најпрвин израмни Халанд од пенал во 12 минута, а 120 секунди подоцна за позитива на Сити се погрижи Де Брујне по асистенцијата на Силвињо.

Белгиецот Де Брујне во 16 минута асистираше до Халанд кој по втор пат се запиша во листата на стрелците.

Халанд го комплетираше својот хет-трик во 88 минута од средбата на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

Премиер лига
Сабота, 2 коло

Брајтон – Манчестер јунајтед 2:1
Кристал палас – Вест хем 0:2
Фулам – Лестер 2:1
Манчестер сити – Ипсвич 4:1
Саутемптон – Нотингем 0:1
Тотенхем – Евертон 4:0

ВИДЕО: Брајтон го совлада Манчестер јунајтед со голот на Жоао Педро во 95 минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот