ВИДЕО: Грузија испиша историја, познати осминафиналните двојки на Европското првенство

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Заврши и официјално групната фаза на Европското првенство во Германија, а фудбалската репрезентација на Грузија не само што дебитира на континенталните шампионати, туку и успеа да направи уште поголем резултат.

Во рамките од последното трето коло Грузија изненадувачки триумфираше над Португалија со 2:0 со головите на Кварацхелија во втората минута и Микаутадзе во 57 минута од пенал.

Во вториот меч Турција со 2:1 славеше против Чешка. Чалханоглу донесе предност за Турците во 51 минута, а Чесите израмнија во 66 минута преку Соучек, Конечниот епилог го постави Тосун во 94 минута.

На конечната табела Португалија и Турција освоија по шест бодови, Грузија четири, а Чешка 1.

Во продолжение погледнете ги сите осминафинални двојки на ЕП 2024:

Шпанија – Грузија (30 јуни, Келн)
Германија – Данска (29 јуни, Дортмунд)

Португалија – Словенија (1 јули, Франкфурт)
Франција – Белгија (1 јули, Диселдорф)

Романија – Холандија (2 јули, Минхен)
Австрија – Турција (2 јули, Лајпциг)

Англија – Словачка (30 јуни, Гелзенкирхен)
Швајцарија – Италија (29 јуни, Берлин)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот