ВИДЕО | Голем пожар во фабрика за „ајфони“ во Индија

Голем пожар избувна денеска во фабриката за „ајфон“ на компанијата „Тата“ во индиската држава Тамил Наду, јавуваат индиските медиуми.

„Во моментот на пожарот на смена биле околу 1.500 работници“, пишува „Индија тудеј“. Според „Ројтерс“, десет луѓе побарале медицинска помош.

Пожарот избувнал во погонот за боење додатоци за мобилни телефони, а потоа се проширил низ целиот објект.

Противпожарните екипи работат на гаснење на пожарот и евакуација на вработените. Според досегашните информации, во пожарот нема повредени.

Поради пожарот, производството во фабриката е прекинато, а компанијата „Тата електроникс“ соопшти дека ги истражува причините за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот