ВИДЕО | Гојко од Шибеник му го спасил животот на лебедот Мали и оттогаш се неразделни

Vecernji List

Гојко Мијалица од хрватскиот град Шибеник има посебна врска со еден лебед, кој го следи насекаде и не сака ништо да прави без да биде покрај Гојко. Необичното пријателство започнало во мај годинава, кога лебедот самиот дошол пред вратата на човекот со скршено крило, барајќи помош. Оттогаш, тие заедно секој ден одат до морето за лебедот по име „Мали“ да се избања, а потоа дома се враќа самиот, како атракција низ улиците на шибеничката населба Јадрија.

Гојко се обидел да се грижи за лебедот во неговиот дом, но на препорака на ветеринар, се согласил повреденото крило на птицата да се ампутира.

„Мислам дека тој разбра… и дека се однесуваше во склад со својата ситуација. Јас него немам намера да го оставам, а верувам ни тој мене“, вели Гојко Мијалица во видеоприказната на „Вечерњи лист“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот