ВИДЕО | Глетка која го расплака светот: Украинка ја гушка жената која ѝ ги пренела децата преку граница
Украинката Наталија Аблејева (58) вчера ја преминала украинско-унгарската граница, а со себе носела две деца на сосема непозната жена. Сѐ што знаела за неа бил нејзиниот телефонски број, пишува „Reuters“.
Имено, пред да ја премине границата, Наталија се запознала со 38-годишен маж кој со себе ги носел своите малолетни син и ќерка и очајно барал помош. Граничарите не му дозволиле да ја премине границата поради општата мобилизација во државата – на мажите во Украина, на возраст од 18 до 60 години, им е забрането да заминат.
„Нивниот татко само ми ги предаде двете деца и ми веруваше. Ми ги даде нивните пасоши за да ги донесам тука“, раскажува Аблејева.
Таткото на децата ѝ кажал на Наталија дека нивната мајка, исто така Украинка, веќе патува од Италија за да се сретне со нив и да ги однесе на сигурно. Тој ѝ го дал нејзиниот телефонски број и се поздравил со децата.
Кога пристигнале во Унгарија, Наталија и двете малолетни деца чекале кај шаторот за бегалци кој бил поставен во близина на границата. Наскоро пристигнала и 33-годишната Ана Семјук и веднаш ѝ се заблагодарила на жената која ѝ ги спасила децата. Двете жени се прегрнале и плачеле неколку минути.
„Сѐ што можам да им кажам на моите деца е дека сѐ ќе биде во ред. За една или за две недели, ние ќе бидеме дома“, изјавила Семјук за „Reuters“.
Повеќе текстови на темата:
ФОТО | Продуцентите од „Симпсонови“ објавија цртеж: „Важно е да се одбрани слободата“
ФОТО | Бескрајната сила на империјализмот: Актерката Мила Јововиќ се огласи за нападот на Украина
Дела, а не зборови: Славниот актерски пар со милионска донација за Украина