ВИДЕО | Георгиевски: Во Германија има има различни мислења за тоа како треба да се решаваат конфликтите со авторитарни режими

Борис Георгиевски, уредник на Дојче веле на македонски јазик
Борис Георгиевски, уредник на Дојче веле на македонски јазик / Утрински брифинг

Украинско-руската криза почна посилно да ја преокупира јавноста откако се зголеми моноста да се случи конфликт. Но, Германија како да има повоздржани односи кон овој проблем. За тоа зошто Германија има поспецифичен однос кон оваа криза во Утрински брифинг разговаравме со Борис Георгиевски, уредник на Дојче веле на македонски јазик.

-Германија има посебна одговорност кон Русија. Германија не се наметнува ни како светски полицаец. Суштината на овој однос е историјата на Германија. Ние и не знаеме што всушност точно се случува во Украина. Германија е тука на континентот, има неизбежна економска соработка и тука е увозот на гас. Тоа е сосема различна позиција од онаа на САД, вели Георгиевски.

Во Европа се врати загриженоста дека е можна уште една голема војна на континетот по седумдесетина години мир.

-Анексијата на Крим и војната во Украина која сега е во некој полузамрзнат конфликт секако дека ќе предизвикаат страв, вели Георгиевски.

Георгиевски вели дека во однос на германската влада, која е трипартитна, има различни мислења за тоа како треба да се решаваат конфликтите со авторитарни режими. И тоа не се однесува само на Русија туку и на Балканот, додава тој. Тука е и јавниот дискурс во Германија каде луѓето не се еднонасочни во однос на Русија.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот