ВИДЕО | Ердоган заигра кошарка на отворањето на новиот Дом на спортот во Турција

Ердоган заигра кошарка на отворањето на кошаркарски центар во Истанбул/Фото: Скриншот

Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во неделата, се отвори Центарот за развој на кошарката, кој ќе биде новиот „дом“ на спортот во Турција.

Турскиот претседател не ја пропушти можноста да ги испроба кошевите шутирајќи од мала далечина, при што публиката му аплаудираше бидејќи постигна кош.

Центарот за развој на кошарката е изграден на површина од 70 хектари во Истанбул, а главната сала може да прими 10.000 навивачи.

Објектите вклучуваат и терен со 1.000 седишта за гледачи, три помали терени со по 500 места за гледачи за младинските тимови, спортско средно училиште, терени 3х3, хотел за тимовите и простори за настани.

На отворањето, покрај Ердоган, „присутен“ беше и министерот за спорт Осман Аскин Бак, министерот за животна средина Мурат Курум и претседателот на Турската кошаркарска федерација Хидагет Туркоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот