ВИДЕО | Историска мисија: Екипажот на „Спејс Икс“ се врати на Земјата по првата приватна вселенска прошетка

Фото: AFP / AFP / Profimedia

Екипажот на „Спејс Икс“ (Space X) се врати на Земјата по пет дена во орбитата, по историската мисија која ја вклучи првата приватна вселенска прошетка на милијардерот Џаред Ајсeкман и инженерката Сара Гилис.

Тие ја изведоа својата прва вселенска прошетка на надморска височина од 740 километри, со цел да тестираат нова линија на вселенски одела.

 

 


Рано утринава капсулата „Драгон“ слета во Мексиканскиот залив, достигнувајќи максимална височина од 1.408 километри по полетувањето во вторникот, што е повисоко од Меѓународната вселенска станица (ИСС) и вселенскиот телескоп Хабл.

Прошетката траеше два часа, значително помалку од оние што ги изведуваат астронаутите што се наоѓаат на ИСС.

Во мисијата се наоѓаа и пилотот Скот Потита и инеженерката Ана Менон, а Ајсекман и Гилис станаа 264. и 265-тата личност што извеле вселенски прошетки.

 


Како што наведува АП, ова е прва приватно финансирана мисија во вселената, а досега прошетките ги изведуваа исклучиво професионални астронаути.

Од „Спејс Икс“ велат дека оваа кратка вежба е почетна точка за тестирање на технологијата на вселенски одела за идни, подолги мисии на Марс.

Џаред Ајсекман, пилотот и милијардер, основач на компанијата за електронско плаќање „Шифт4“ (Shift4), ја финансираше мисијата „Поларис“, како и својот лет Инспирејшн4 со „Спејс Икс“ во 2021 година.

Тој одби да каже колку ги плаќа мисиите, но се претпоставува дека тие чинат стотици милиони долари.

Вселенското летало „Драгон“ ја обиколи Земјата најмалку шест пати во средата во орбитата со овален облик, која се протега на 1.400 километри, што е најоддалеченото патување на луѓето во вселената од последната американска мисија „Аполо“ во 1972 година.

 

ВИДЕО | На првата приватна вселенска прошетка одлетале четири луѓе – Илон Маск пишува историја

ВИДЕО | Денеска во 11 часот четворица ќе стигнат на нивната прва вселенска прошетка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот