ВИДЕО | Џони Деп повторно го облече костимот на Џек Спероу за да ги посети децата на педијатрија и онкологија во Шпанија

Фото: Икс/ OSI Donostialdea ESI

Неколку години од неговото последно појавување во филмот Пиратите од Карибите, Џони Деп повторно е виден во костимот на капетанот Џек Спероу. Овој пат тој облече костим од хуманитарни причини. Имено, тој ги развеселил децата на педијатриските и онколошките оддели во Универзитетската болница Доностија во Сан Себастијан, Шпанија.

По неговата посета, болницата јавно му се заблагодари: „Сакаме да му изразиме бескрајна благодарност на Џони Деп за неговото време, поддршка и енергија“.

„Толку мило од него“, „Срцето ми се топи кога ќе ги видам насмевките на овие деца, ти благодарам Џони“, „Господин Деп повторно ни покажува храбар чин на добрина, сочувство и пред сѐ љубов“, беа само дел од коментари на луѓе кои се воодушевени од неговиот потег.

@usweekly Captain Jack Sparrow is back! Us has exclusive footage of #JohnnyDepp making a very special appearance as his beloved #PiratesoftheCaribbean ♬ original sound – Us Weekly

Инаку, ова не е првпат познатиот пират Џек Спароу да посетува болници и да им враќа насмевки на болните.

Џони Деп моментално е во Шпанија на промоцијата на неговиот најнов филм „Моди“, кој следи 48 часа од животот на италијанскиот уметник Амедео Модиљани (Рикардо Скамарцио), додека Стивен Греам и Ал Пачино играат споредни улоги во филмот. Тоа се околу два дена кои станаа пресвртница во неговиот живот и на крајот ја зацементираа неговата репутација како уметничка легенда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот