ВИДЕО: Џип блокирал цел булевар во Тетово, и „пајакот“ морал да доаѓа во рикверц

На фејсбук-страницата „Тетово вчера, денес и утре“, објавена е снимка на која се гледа како автобус на градскиот превоз стои на булеварот, не можејќи да помине поради паркиран џип во втората коловозна лента, кој го блокира булеварот.

Полицајците реагирале веднаш и ја повикале „пајак-службата“ за да се ослободи сообраќајот на булеварот „Илинден“, кој е една од најфреквентните градски сообраќајници. „Пајакот“ морал да се враќа во рикверц по булеварот, за да стигне до џипот.

Ваквото паркирање е секојдневие во Тетово, каде се случува да има паркирани коли дури и на кружните текови низ градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот