ВИДЕО | Џејми Фокс со нови детали за мистериозната болест: Имав главоболка, а потоа се разбудив 20 дена подоцна

Џејми Фокс / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерот Џејми Фокс (56) минатата година заврши во болница откако му се слоши на снимање на филмот „Назад во акција“. Оттогаш помина повеќе од една година, а актерот сè уште не излегол во јавноста со официјални детали зошто бил во болница.

Но, сега во кратко видео објавено на социјалните мрежи Џејми открива дел од тоа што се случило, кога беше хоспитализиран во април минатата година.

Актерот рекол дека не можел да оди и дека „видел тунел, но без светлина“ додека се борел за живот, пренесува „Дејли мејл“. Како што кажува сè започнало со силна главоболка, а потоа 20 дена подоцна се разбудил и не се сеќавал на ништо.

„Ме немаше 20 дена. Сестра ми и ќерка ми ме однесоа на лекар и тој ми рече: ‘Нешто се случува таму горе’“, им раскажувал актерот на своите обожаватели покажувајќи кон главата.

Рекол дека не би му го посакал тоа што го поминал ни на својот најголем непријател и затоа сега има најголема почит кон животот.

Фокс имаше голема поддршка од пријателите и семејството кои се грижеа за него од фаталниот момент.

„На Џејми му оди многу подобро и повторно почнува да се чувствува како себе. Тој сè уште не е 100 отсто, но дефинитивно е на пат кон закрепнување. Се чувствува навистина добро и е возбуден што ќе се врати на работа кога ќе биде вистинското време”, изјавил изворот.

Актерот беше хоспитализиран додека работеше на проектот со Камерон Дијаз, па снимањето продолжи кон крајот на јануари оваа година, а премиерата се очекува кон средината на ноември. Но, тоа не е единствениот голем проект. Фокс и неговата 30-годишна ќерка Корин работеа заедно на седумсезонскиот проект „Beat Shazam“.

Џејми Фокс обвинет за сексуален напад: Инцидентот се случил во 2015 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот