ВИДЕО: Драма на ЕП во фудбал, полицијата уапси маскирано лице на покривот на стадионот во Дортмунд

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Германската полиција уапси маж кој за време на фудбалскиот натпревар меѓу Данска и Германија се качувал на покривот на стадионот.

На покривот на стадионот во Дортмунд имаше маскирано лице кое предизвикало голема паника на полувремето.

Поради оваа акција доцнеше почетокот на вториот дел, додека полицијата успеа да го совлада овој човек по натпреварот.

На видеото се гледа како маскирано лице се качува на покривот, а потоа полицијата го апси. Не се знае какви биле намерите на уапсениот.

„Полицијата го уапси човекот. Тој во тоа време не бил опасен за другите луѓе. Не можеме да дадеме информации за неговиот идентитет или мотиви – се вели во полициското соопштение.

Во апсењето помогнал и хеликоптер кој го осветлил човекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот