ВИДЕО | Додека во ОН договараа мир, почна војна: Јави му се на Лавров, прашај го! Нема да го будам, рано е!

Украинскиот и рускиот амбасадор на седница на СБ на ОН/Фото: Скриншот

Рускиот напад врз Украина се случи во моментот кога во Њујорк, членките на Советот за безбедност на Обединетите Нации се обидуваа да дојдат до дипломатско решение на руско-украинската криза.

Украинскиот амбасадор Сергеј Кислиција во своето излагање му се обрати на рускиот амбасадор кој претседаваше со Советот за безбедност со зборовите:

-Кога доаѓав овде пред еден час сакав да го прашам рускиот амбасадор официјално да каже дека руската војска нема да пука во Украинците и дека нема да продолжи да напаѓа. Но тоа стана бескорисно по 48 минути зошто пред 48 минути вашиот претседател и објави војна на Украина. Сакам да му се обратам на рускиот амбасадор да му потврди официјално дека во овој момент вашите бомби не гранатираат и бомбардираат украински градови, дека вашите војници не навлегоа на украинска територија. Имате мобилен телефон и ве молам веднаш да му се јавите на Лавров, му рече украинскиот амбасадор на рускиот Небензија, а потоа продолжи со молба до членките на  Советот за безбедност да ја сменат Русија од претседавачкото место со Советот, за да може другите, одговорни и чесни членки да ја запрат војната во Украина.

-Руската Федерација треба да се откаже од одговорностите на претседавач со Советот за безбедност. Пренесете ги овие одговорности на легитимен член на Советот за безбедност. Членка која ја почитува Повелбата. И ги молам членовите на Советот за безбедност веднаш да свикаат итен состанок. И разгледајте ги сите неопходни одлуки за да се запре војната. Зошто е предоцна, драги мои да зборуваме за ескалација, предоцна е, рускиот претседател прогласи војна. Вие прогласивте војна и ваша одговорност е да ја запрете. И ве повикувам сите вас што сте тука да ја запрете војната, рече Кислиција.

Следуваше одговор од рускиот амбасадор Василиј Небензија кој претседава со СБ на ОН:

-Будење на господинот Лавров во ова време не планирам. Ова не е војна ова е специјална воена акција во Донбас, рече Небензија.

Во продолжение на украинско – руската дебата за започнатите руски воени дејства во Украина, украинскиот амбасадор побара од Небензија „да се откаже од функцијата претседател“.

– Нема чистилиште за воени злосторници. Одат право во пеколот, амбасадоре – рече Кислиција, по што рускиот колега уште еднаш му повтори дека Русија спроведува само „специјална воена операција“ и дека Русите „не се агресивни кон украинскиот народ, туку кон хунтата што е на власт во Киев“.

Погледнете ја оваа полемика меѓу украинскиот и рускиот амбасадор:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот