ВИДЕО | На скандалите им нема крај: Десингерица ѝ бутка микрофон во уста на девојка од публиката, луѓето згрозени!

Фото: Принтскрин/Тик-ток

Српскиот пејач Десингерица, односно Драгомир Деспиќ, повторно шокираше со снимка од еден свој настап. Тој го сподели видеото на својот профил на Тик-ток, а на него се гледа како една девојка во публиката ја држи за глава и ѝ го бутка микрофонот во уста.

 

@dragomirdespic_design♬ original sound – DragomirDespic_design


Видеото сега се прошири на социјалните мрежи, а контроверзниот рапер инстантно стана мета на негативни коментари.

„Ова е болно“, „Имаш ли граници“, „Ова е навистина премногу“, „Тоа е тоа. Го допревме дното’, напишаа на социјалните мрежи.

Сепак, судејќи по снимката, на неговата публика не ѝ пречел неговиот потег на настапот.

Неговите настапи веќе неколкупати станаа вирални поради слични моменти. На еден настап ги удираше обожавателите со патика по глава, а истото го повтори неколкупати. Потоа, ги плукаше, ги поливаше… Потоа доби забрана за јавни настапи во Бања Лука.

ВИДЕО | Скандалозно однесување на српски рапер: Ги тепаше обожавателите со патика по глава на концерт

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот