ВИДЕО | Данска не разочара, но Германија победи и се пласираше во четвртфиналето

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германија со истиот резултат како и Швајцарија претходно против Италија (2:0) славеше победа над Данска и си обезбеди место во четвртфиналето.

Тргнаа фуриозно Германците и во почетните минути брзо создадоа неколку прилики. Шлотербек ја погоди и мрежата во четвртата минута, но тој гол се поништи поради прекршок во напад.

По почетниот притисок на Германија, Данска се ослободи и почна да игра пред голот на Мануел Ноер, имаа и некои добри прилики. Натпреварот во 35. минута беше прекинат поради силни громтевици во Дортмунд и на теренот се вратија десетина минути подоцна. Не видовме голови ни по продолжувањето на полувремето, па на пауза се замина со 0:0.

Во вториот дел следуваа возбудувања по само три минути игра. Дефанзивецот Андерсен ја погоди мрежата на Данска, но ВАР поради милиметарски офсајд го поништи неговиот гол.

Само пет минути подоцна на спротивната страна одново Андерсен беше во центарот на вниманието бидејќи ВАР реагираше и покажа негово минимално играње со рака за пенал на Германија. Пеналот го реализираше Хаверц за 1:0.

Не се откажаа Данците имаа прилики и по примениот гол, но точка на натпреварот стави Џамал Муссила со голот во 68. минута кога погоди за конечните 2:0. Во четвртфиналето Германија ќе игра против подобриот од утрешниот натпревар помеѓу Грузија и Шпанија.

ФОТО | Громотевици го прекинаа осминафиналето помеѓу Германија и Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот