ВИДЕО | Дали сте виделе ваков свадбен подарок? Младоженец ѝ подари на сопругата „тепих“ од банкноти

Фото: Принтскрин / ТикТок

На социјалните мрежи се прошири видео од свадба на Филипините каде младоженецот решил да ја изненади невестата со, за многумина, необичен свадбен подарок.

Имено, како што може да се види на видеото, младоженецот извадил низа банкноти од куфер која била толку долг што некои ги потсетува на тепих, па ѝ го закачил на вратот. Оваа наметка на пари вклучувала банкноти во вредност од еден милион филипински пезоси или околу 17.000 долари.

Иако ова може да изгледа необично за луѓето од другите делови на светот, тоа е всушност филипинска традиција. Оваа традиција се нарекува „танц на пари“, а тоа е церемонија за време на дочекот на кој младенците за првпат танцуваат заедно.

Постојат неколку начини на кои паровите можат да се одлучат за тоа, но централната тема е дека младенците носат пари во некоја форма.

Некои парови избираат бавно да танцуваат додека членовите на семејството закачуваат банкноти на венчаницата. Некои, како овој пар, се одлучуваат за малку поинаков и поекстравагантен пристап кон овој обичај.

Инаку, видеото стана вирално и собра дури 41,2 милиони прегледи и 4,8 милиони лајкови и бројни коментари.

„Честитки за него! Каде да најдам ваков маж?“; „А не можам да најдам дечко што би ја поделил сметката со мене…“; „Ова ми треба во мојот живот“ и „Девојки, каде згрешивме?“, се дел од коментарите.

@news.com.au That’s how you make a girl feel like a queen! 🤑 This groom gave his bride the incredible gift of cash rolled out like a carpet, worth $1 million Phillipine pesos (around $25K) #wedding #weddingtiktok #weddinggift #moneytok #bridesoftiktok ♬ original sound – lily✨

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот