ВИДЕО | „Да бидам искрен, не би дошол тука“: Саркастичната туристичка реклама за Осло го освои интернетот

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Најновата саркастична туристичка реклама за Осло стана неверојатен хит на интернет. Имено, се работи за видео, објавено на социјалната мрежа ТикТок, во кое Халфдан, жител на норвешката престолнина е главната ѕвезда. Младото момче раскажува за искуството во неговиот роден град.

„Да бидам искрен, не би дошол овде. Дали е ова дури и град? Сè е толку достапно. Јас пораснав овде и моментално живеам овде. За жал“, започна 31-годишниот Халфдан.

„И не разбирам зошто луѓето пливаат. Среде град. Одвратно. Осло е како село. Можете да стигнете од едниот до другиот крај на градот за 30 минути. Пробајте го тоа во Њујорк или Париз. “, продолжи тој.

Потоа се осврнува и на културата во Осло, каде позира пред ремек-делото на Едвард Мунк.

„Сè е премногу едноставно и достапно за еден град. Зарем не треба да биде малку покомплицирано?“, додал тој.

Халфдан се сними и во ресторан, па искоментира: „Понекогаш само влегувам и нарачувам, а не сум славна личност. Мислам, што ти кажува тоа?“.

„Овој град е како добра љубовна врска. Не е лесно да се биде овде“, заклучил тој.

Иако, звучи како антиреклама, ова видео воодушеви многумина. Халфдан, всушност, ги посочи многуте атракции на Осло, карактеризирајќи ги како недостатоци и објаснува дека градот е целосно неповрзан. Сепак, се чини дека на многу луѓе им се допадна ова видео, бидејќи за пет дена собра 1,6 милиони прегледи и предизвика многу позитивни коментари.

„Затоа сакам да го посетам Осло сега“; „Ова е веројатно најдобрата туристичка реклама што сум ја видел“; „Сега ме интересира. Ајде да го посетиме Осло“; „Ова е одлично“; „Одлично видео, едвај чекам да го посетам Осло, никогаш не сум бил таму“: „Добро, тоа е тоа, ќе резервирам лет“; „Сега сите сакаме да одиме во Осло“, се само дел од коментарите под ова видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот