ВИДЕО | Чеченски командант тврди дека Зеленски ќе мора да потпише капитулација

чеченски командант Апти Алаудинов принтскрин ју тјуб

Володимир Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација, изјави командантот на руската специјална единица „Ахмат“ Апти Алаудинов.

Тој на својот канал Телеграм напиша дека украинската армија е во многу тешка позиција на различни делови од фронтот во ДНР и дека е принудена да се повлече, објави рускиот портал Спутник. Инаку, Алаудинов пред четири дена изјави дека вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од половина од воената опрема која ја користеа во нападот на руската област Курск.

„Тие претрпеа значителни загуби поради тоа што беа запрени и уништени. Од целата опрема што беше вклучена во овој блицкриг, тие веќе изгубија повеќе од половина… Така што верувам дека „Битката кај Курск“ беше многу тешка за нив. На крајот, со оглед на тоа дека задачата не е извршена, може да се претпостави дека е неуспешна“, рече командантот на руската единица за специјални сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот