ВИДЕО | Брз, евтин и вкусен: Рецепт за манчмелоу, омилениот десерт на децата

Фото: Профимедиа

Манчмелоу е десерт која ги освојува сите со својата воздушна структура и вкус, затоа ви носиме рецепт од искусни сладокусци!

Манчмелоу е еден од омилените деликатеси, особено за најмалите, поради интересната структура, но и феноменалниот вкус. Многу лесно се прави, а за овој неодолив десерт нема ни да ви требаат многу пари, додека ќе ве освои уште на првиот залак.

Состојки:

За кората:

– 6 жолчки од јајце со средна големина
– 6 лажици шеќер
– 6 лажици масло
– 6 лажици млеко
– 6 лажици брашно
– 2 лажици какао во прав
– половина ќесичка прашок за печиво (околу 7 грама)

За филот:

– 6 белки
– 12 лажици шеќер (160 грама)
– плус 6 лажици шеќер (80 грама) и 3 лажици вода

За преливот:

– 100 грама чоколадо по желба
– 1 ред темно чоколадо
– 50 милилитри слатка павлака

Подготовка:

Прво се подготвува кората така што се матат жолчките и шеќерот, па се додаваат маслото и млекото. Кога добро ќе ја изматите, во смесата додајте просеано брашно и какао, а потоа и прашокот за печиво. Изматете сè и печете на 180 степени Целзиусови.

Додека се пече кората, изматете ги белките за фил. Во белките додадете 12 лажици шеќер и матете додека не добиете тврдо тесто. Потоа додадете 6 лажици шеќер во 3 лажици вода и сето тоа ставете го во тенџере и варете го на шпорет околу 10 секунди. Кога малку ќе се излади, додадете ја оваа смеса во смесата со белките. Ова ќе ја зацврсти масата и шлагот нема да се лизга од колачот.

Кога бисквитот (кората) ќе се излади, врз него се става шлагот. А потоа направете го чоколадниот прелив така што во загреаната слатка павлака ќе го ставите чоколадото. Изладениот прелив се ставете го врз тортата, па оставете го во фрижидер добро да се излади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот