ВИДЕО | Бред Пит пцуе на српски во новиот филм „Волци“

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Во новиот филм, познатиот актер Бред Пит изговара пцовка добро позната на Србите, но и на сите што живеат во земјите од поранешна Југославија.

Две големи холивудски имиња, актерите Бред Пит и Џорџ Клуни ги играат главните улоги во филмот „Волци“, кој светската премиера ја имаше минатиот месец на филмскиот фестивал во Венеција.

Во еден кадар, за време на драматичната сцена на свадбениот танц, се слуша како Пит му вели на Клуни: „П…а материна“.

Во истата сцена се појавува и хрватскиот актер Златко Буриќ, кој пред тоа им се обраќа на двајцата. Буриќ во филмот игра руски мафијаш, па се претпоставува дека сценаристите всушност сакале пцовка на руски, но најверојатно згрешиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот