ВИДЕО | Бразил блесна кога беше најмногу потребно, Колумбија обезбеди четвртфинале

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Во рамките од второто коло на Копа Америка во групата „Д“ Бразил во Лас Вегас го победи Парагвај со 4:1 со што се доближи до четвртфиналето.

Бразил започна офанзивно, но Парагвај можеше да дојде до водство преку Бобадил, но голманот Алисон покажа одлични рефлекси во таа ситуација.

Се играше 28. минута кога Бразил доби пенал кој не го реализираше Лукас Пакета. Сепак, само седум минути подоцна Бразилците со голот на Винисиус го отворија резултатот. Во финишот од првото полувреме Бразил постигна два гола, прво погоди крилниот напаѓач Савио, потоа Винисиус го постигна својот втор гол за веќе 3:0.

Само што започна вториот дел Парагвај намали на 3:1, додека конечниот резултат беше поставен со погодокот на Пакета од пенал кој не погреши повторно.

Во вторник Бразил ќе игра со Колумбија која е веќе четвртфиналист и на „Кариоките“ ќе им биде доволен бод за четвртфинале, Парагвај од друга страна ќе се соочи со Костарика која има мали шанси за следната фаза.

Колумбија пласманот во четвртфиналето го потврди со триумфот над Костарика од 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот