ВИДЕО: Брајтон го совлада Манчестер јунајтед со голот на Жоао Педро во 95 минута

фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Фудбалерите на Брајтон триумфираа над Манчестер јунајтед со резултат 2:1 (1:0) во второто коло од Премиер лигата. Ова беше втора победа за тимот на Брајтон во исто толку натпревари и е лидер во шампионатот.

Што се однесува до Јунајтед, тие продолжуваат со системот „топло-ладно“ од претходните сезони, а по триумфот во претходното коло, сега го загубија целиот плен.

Брајтон поведе во 32 минута со голот на Велбек, иако Манчестер претходно имаше целосна иницијатива на теренот. Со овој резултат се отиде на паузата, а гостите успеаја да израмнат во вториот дел преку Амадо Диало.

Овој натпревар можеше да заврши поинаку, а поради бизарност, гол на Јунајтед беше поништен во 70 минута.

Гарначо шутираше во практично празна мрежа по контранапад, топката го погоди Зиркзе на гол-линијата, а ВАР го поништи голот поради офсајд.

Казната пристигна во петтата минута од судиското надополнување, Жоао Педро погодо со глава за голема радост кај домашните навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот