ВИДЕО | Болка и грч: Селин Дион покажа што трпи кога има десетминутен напад предизвикан од ретката болест

Селин Дион / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Расплачена, со вцрвенето лице, во грч и болка – Селин Дион покажа како изгледаат нападите од ретката болест што ѝ беше дијагностицирана во 2022 година.

Десетминутниот болен напад беше прикажан во новите сцени од документарниот филм во кој славната пејачка ги открива деталите од битката со болеста. Имено, на Селин ѝ беше дијагностицирано ретко невролошко нарушување, познато како синдром на вкочанета личност, пренесува „Дејли меил“.

На видеото може да се види како канадската пејачка тешко дише додека медицинските лица се обидуваат да ги ублажат болните мускулни грчеви. На Селин ѝ се даваат спреј за нос, кој најчесто се користи за лекување на напади кај заболени од оваа болест.

Пејачката беспомошно гледа како лекарите нежно ја ставаат во удобна положба, а за цело време нејзините раце и боси стапала остануваат вкочанети. Откако ѝ помогнаа, пејачката конечно можеше да седне исправено и да се покрие со ќебе пред да признае пред камерите дека е засрамена што ја изгубила контролата над телото.

„Секогаш кога ќе се случи нешто вакво, се чувствувам толку засрамено и така, како, не знам како да го изразам тоа… знаете, кога не можете да го контролирате сопственото тело“, рекла таа.

Емотивната Дион се скрши пред камера, признавајќи дека не се откажала од продолжувањето на нејзината кариера, доколку тоа е можно во некој момент во иднина.

„Се уште се гледам како танцувам и пеам. Секогаш наоѓам план Б и план Ц, знаете. Тоа сум јас. Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам. Но, нема да престанам. Нема да престанам“, додала таа.

Режисерката Ајрин Тејлор изјави за една новинска агенција дека размислувала дали да ја сними Дион кога ненадејно почнал нападот, но решила да продолжи бидејќи пејачката, позната по својот моќен глас, и рекла дека „не мора да бара дозвола за снимање што било“.

Тејлор додала дека по ужасниот напад, Дион успеала да отпее прекрасна песна и си заминала во многу добро расположение.

„Ми ја подаде раката и сакаше да замине со автомобилот, па ја подаде раката низ прозорецот и рече: ‘Не грижи се што се случи’. Можеби тоа покажа колку сум вознемирена, а таа сакаше да ми покаже дека е добро“, изјавила режисерката.

ФОТО | Среде борбата со тешката болест: Селин Дион се појави на годинашните награди Греми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот