ВИДЕО | Близначки со шокантна изјава дека носат иста долна облека: „Имаме само еден градник!“

Фото: Инстаграм/Даниел Фелунг

Две сестри близначки (27) предизвикаа поделени реакции кога открија дека имаат само еден градник, кој го делат меѓу себе, и заедничка фиока за долна облека од која и двете земаат сè што им треба.

Идентичните сестри од Њујорк, Брижет и Даниел Фелунг, ја споделија оваа необична информација во поткастот „Gals on the Go“, каде што раскажаа за своето растење и живот како близначки, пренесе „Њујорк пост“.

Овие популарни инфлуенсерки отворено зборуваа за тоа дека „буквално споделуваат сè“, а тој разговор предизвика различни реакции кај слушателите на поткастот, кои се запрашаа каде е границата на „нормалното“.

Фото: Инстаграм/Даниел Фелунг

Даниел ги шокираше водителите кога призна: „Сакате да слушнете нешто лудо? Се срамам да го признаам ова, но имаме само еден градник“, а Брижет додаде: „И ја делиме долната облека“.

Даниел вели дека имаат само еден градник бидејќи ретко го носат, но кога го носат – се караат поради него. Но, подоцна објаснија дека имаат две граници – црн и кремаст, но поради стилот на облекување ретко носат црна боја, па се расправаат која да го носи кремастиот градникот.

Иако се свесни дека споделувањето на нивната долна облека може да звучи необично и чудно, Брижет и Даниел рекоа дека тоа го прават уште од средно училиште.

Фото: Инстаграм/Даниел Фелунг

Реакциите на корисниците се различни – некои се шокирани, а некои дури и згрозени од нивното признание.

Еден корисник на ТикТок искоментира: „Девојки, можевте да го задржите ова за себе“. Други близнаци изразија неверување: „Јас сум близнак и можам да кажам дека ова е апсолутно лудо. Јас и мојот близнак не се ни гушкаме, а камоли да делиме долна облека. Нема шанси!’.

Од друга страна, некои можеа да се идентификуваат со сестрите.  „Иста ДНК хахаха“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „И јас делев долна облека со мојот близнак“.

@galsonthegopodcast any twins out there also doing this?? @Brooke Miccio @DANIELLE CAROLAN @ACQUIRED STYLE @DaniellePheloung ♬ original sound – Gals on the Go Podcast

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот