ВИДЕО: Астон вила ремизираше против Ипсвич во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалерите на Ипсвич и Астон Вила ремизираа 2:2 во шестото коло од Премиер лигата. Играчите од Бирмингем на тој начин ја пропуштија можноста да се израмнат со Ливерпул на првото место на табелата и сега со 13 бодови го делат четвртото место со Челси. Пред нив се Ливерпул со 15, а Манчестер сити и Арсенал со по 14 бодови.

Ипсвич е на 15 позиција со четири бода, а денешниот натпревар против учесниците во Лигата на шампионите може да ги охрабри сите навивачи на новајлијата во лигата, кои најверојатно ќе се борат за опстанок во преостанатиот дел од сезоната.

Натпреварот почна како од бајка за домашните кои поведоа уште во осмата минута. Акцијата на Ипсвич траеше долго, гостите неколку пати ја елиминираа опасноста, но таа заврши со додавање на Кларк по левата страна и прецизен удар на Делап од десетина метри, за 1:0.

Вила направи пресврт во продолжението од првото полувреме. Се играше 15 минута кога Морган Роџерс ја искористи големата грешка на домашната одбрана и ја затресе мрежата со удар од 12 метри на додавање на Воткинс, за 1:1.

Во 32 минута одличен центаршут од десното крило на Бејли и уште подобра реакција на Воткинс, кој со глава ја упати топката од шеснаесетникот кон мрежата за 1:2. Во вториот дел Астон Вила имаше контрола, дури се чинеше дека е поблиску до третиот гол отколку Ипсвич до израмнување, но вториот егал се случи во 72 минута.

Беше фантастична транзиција на домашните, Хачисон ја турна топката на левата страна за Лиам Делап, овој одлично го измами Диего Карлос, а потоа со левата нога шутираше во спротивниот агол од 7-8 метри, за 2:2 и негов втор гол на натпреварот. До крајот на мечот и двата тима се обидуваа да победат, поконкретен беше домаќинот, но резултатот не се менуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот