ВИДЕО: Аргентина славеше без Меси, Канада во четвртфиналето на „Копа Америка“

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Во вториот натпревар од групата на „Копа Америка“, репрезентацијата на Аргентина го победи Перу со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (47, 86).

Канадските фудбалери се пласираа во четвртфиналето на „Копа Америка“ што се одржува во САД.

Во последното коло од групата А, Канаѓаните ремизираа 0:0 со Чиле, кој од 27 минута остана без исклучениот Габи Суаз. Канада првпат е на Копа, а во четвртфиналето ќе игра против победникот од групата Б, во која Венецуела води по две кола.

Во вториот натпревар од групата, Аргентина го победи Перу со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (47`, 86`). Засега не се знае дали Меси ќе биде подготвен за четвртфиналето.

Сепак, Аргентинците овојпат беа и без селекторот Лионел Скалони, кој беше казнет од јужноамериканската фудбалска асоцијација „Конмебол“ со казна од еден натпревар бидејќи неговите играчи двапати доцнеа на теренот во вториот дел.

Аргентинците ја освоија групата со девет бодови, Канада има четири, Чиле два, а Перу еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот