ВИДЕО АНКЕТА | Каде на летување годинава?

Фото: Слободен печат-Принскрин

Високи температури, летен распуст. Време е да се оди на одмор. Но каде годинава и колку пари сме подготвени да потрошиме? „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали воопшто планираат одмор и колку се подготвени да потрошат за него? За едни одморот е вообичаен секоја година, други не можат да си го дозволат ниту неколку години по ред, а третата група планира патување на подалечни дестинации.

Млада девојка вели дека годинава нема да оди на одмор бидејќи цените се многу високи.

– Нема да одам никаде. Цените се зголемени во маркетите, облеката е поскапа, насекаде се поскапени сите работи – вели таа.

Друга веќе има уплатено, оди за Египет. Вели дека цените се повисоки за разлика од лани за 20 до 30 отсто. Повозрасна госпоѓа веќе била на летување на Јадранот. Друга воопшто не може да си дозволи одмор.

-Финансиските можности оваа година, некако, не се баш до степен за да можам да си приуштам барем еден одмор од седум дена – вели таа.

Скопјанец објаснува дека сè уште нема планови. Објаснува дека планира да потроши околу шестотини евра.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот