ВИДЕО | Андонова блесна со два гола на дебито во Саудиска Арабија: Погоди и од слободен удар

Фото: alshababfcwomen

Maкедонската најдобра фудбалерка Наташа Андонова постигна два гола на дебито во Саудиска Арабија во дресот на Ал Шабаб.

Андонова која веднаш ја доби честа да биде и капитен на тимот на Ал Шабаб блесна во вистинско светло уште во првиот натпревар.

Ал Шабаб славеше победа од 0:4 против Ал-Тараџи, а Андонова со двата постигнати погодоци беше една од најдобрите на теренот.

Во редовите на Ал Шабаб Андонова пристигна од Леванте, а претходбо беше дел од Барселона, ПСЖ, Росенгард Турбине Потсдам, Борец и Тиквешанка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот