Видео | Анализа: ВМРО-ДПМНЕ ја започна кампањата за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ седиште Фото: Слободен печат/Даган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ ја започна кампањата за наредните локални избори, коишто ќе се одржат наредната година, вели новинарот на Слободен печат Срѓан Ивановиќ.

– Луѓето коишто патуваа утринава до своите работни места ги видоа рекламните паноа нарачани од Владата, на кои осамна пораката за зголемувањето на пензиите за 5.000 денари. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ја започна кампањата за наредните локални избори, коишто ќе се одржат наредната година. Треба да се прецизира дека пензиите се покачени во моментов за 2.500 денари, додека дури во април догодина пензионерите ќе го добијат остатокот. Инаку вчера во Прилеп се собраа да го прослават покачувањето на пензиите, а оваа вест како да е излезена од „Монти Пајтон“. Сепак, начинот на кој беа изрекламирани успесите на Владата, потсети на начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ е научен да делува – изјави Ивановиќ во утринската програма на Слободен печат.

За да ја проследите целата анализа на домашната политичка сцена, погледнете го видеото на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот