ВИДЕО: Албански планинари го симнаа македонското знаме на Кораб и ставија албанско

Македонското знаме симнато од врвот Кораб/Фото: Фејбук

Албанскиот планинар од Пешкопеја Изет Шулку со неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.

„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.

На врвот Голем Кораб, кој му припаѓа на Националниот парк „Маврово“ стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и со податок дека корабскиот планински масив е во две земји, Македонија и Албанија, која Шулку исто така ја искина и ја фрли.

Засега нема реакции од македонските власти за оваа дрска провокација на групата албански планинари кон македонскиот државен симбол. На Фејсбук видеото од „Тарзан“ наиде на симпатии кај албанската публика.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот