ВИДЕО | Алавес доцна се разбуди, Реал Мадрид не дозволи чудо на „Бернабеу“

Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Реал Мадрид со 3:2 славеше во натпреварот од седмото коло во Ла Лига во кој малку фалеше Алавес да приреди вистинско чудо и да се врати во финишот по негатива од 3:0.

„Кралевите“ подобро го започнаа натпреварот и го отворија резултатот уште во првата минута кога во листата на стрелци се запиша Лукас Васкез. Пред крајот на полувреме Килијан Мбапе по акцијата со Џуд Белингам погоди за предност од 2:0.

За Мбапе ова беше четврти натпревар во низа на кој постигнуваа погодок. Само што започна вториот дел Родриго зголеми на 3:0 и тогаш изгледаше дека нема да гледаме големи возбудувања бидејќи Реал Мадрид ќе запише лесна победа.

Сепак, Алвес се разбуди во самата завршница кога во неполни две минути постигна два гола. Прво Бенавидез се запиша во листата на стрелци за 3:1, а веќе во наредната минута Гарсија постигнува гол до 3:2. Се обиде Алавес во завршницата да дојде и до чудо, меѓутоа не создаде некоја посериозна прилика, па Реал сепак стигна до триумф.

Во двата натпревари од Ла Лига кои се играа претходно, Севиља со 2:1 го совлада Ваљадолид, додека Валенсија и Осасуна ремизираа без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот