Ви смрди од одводот кога врне? Водоинсталатер открива како сами да го решите проблемот за малку пари

Фото: PickPik

Во одводите на бањата и кујната, како и од одводите во мијалникот и кадата, се собираат остатоци од нечистотија, сапун и храна и со текот на времето се појавува непријатен мирис.

Водоинсталатерите дадоа корисен совет, односно решение, како можете сами да го решите проблемот и тоа за малку пари.

Непријатниот мирис од одводот се шири низ куќата и понекогаш е неподнослив. Покрај тоа, од задржувањето на нечистотијата, одводот може да се затне и да создаде проблем. Погрижете се редовно да го чистите, а за непријатниот мирис има едноставно решение. Нема потреба да се користат хемикалии кои можат да бидат штетни за здравјето, а воедно и се скапи. Користете природни состојки кои веќе ги имате во вашата кујна.

Што ви е потребно?

– 400 мл оцет

– 3 лажици сода бикарбона

– 5 литри вода

Што треба да направите?

Прво сипете ја сода бикарбоната во одводот, а потоа полека сипете го оцетот, бидејќи ќе се запени. Оставете да отстои најмалку половина час, а потоа сипете врела вода. Така ќе ги исчистите сите преостанати нечистотии и остатоци од маснотии, а непријатниот мирис ќе исчезне.

Ако ова не ви помогне или ако непријатниот мирис продолжи, водоинсталатерите велат дека во овој случај треба да се замени сифонот, бидејќи можеби е неисправен или оштетен. Ако не сте вешти во мајсторување, повикајте водоинсталатер за тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот