Ветерниците во Германија поради невремето произведоа струја колку 44 нуклеарни електрани

Ветерница илустрација / Фото: EPA-EFE/MAURITZ ANTIN

Најмалку седум лица загинаа во невремето кое направи хаос во Европа и тргна кон исток. Временската непогода го прекина нормалниот тек на сообраќајот и остави илјадници луѓе без електрична енергија. За тоа време во Германија забележан е неочекуван профит, пренесе српски „Телеграф“.

Имено, ветерниците се движеле толку брзо што трубините кои со нив се поврзани, произвеле струја еквивалентна на онаа која би ја произвеле 44 нуклеарни електрани, пишува Би-Би-Си.

Сепак, ширум Европа беа пријавени повеќе човечки жртви.

Силен ветер во Полска оддува покрив на продавница, настан во кој загинаа жена и нејзините две ќерки. Таткото е повреден.

Еден маж загина при превртување на чамец во Шведска, а едно лице исчезна. Две лица загинаа во своите автомобили, едно во Германија и едно во Словенија.

Островот Корзика пријави ветришта посилни од 220 километри на час, проследени со дождови и поплави.

Ветер со брзина до 200 километри на час е измерен и на северот на Италија. Жена (71) загина кога ја погодиле остатоци од покрив во Ломбардија.

Во Германија вчера пдна кран на кров од катедрала која беше во фаза на обновување и предизвика голема шета. Рибен пазар во Хамбург е поплавен од бран висок 2,7 метри.

Силниот ветер предизвика штета ширум целиот континет, во Данска и Шведска е затворен мостот кој ги спојува двете земји, а во Чешка се измерени брзини од 180 километри на час. Полицијата во земјата извести дека најверојатно поради невремето се случила сообраќајна несреќа во која загинал маж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот