Ветеринарите предупредуваат: Најчестите опасности при планинарење со куче

Фото: Edgar Bullon / Alamy / Alamy / Profimedia

Ако планирате да одите на планинарење со вашето куче ова лето, веројатно веќе сте свесни за многуте опасности кои претстојат. Модерното време наметнува одредени правила на однесување при излегување во природа, па денес многу планинари не одат на патување доколку батеријата на нивните мобилни телефони не е наполнета, се држат до обележани патеки и секогаш имаат доволно вода за пиење, како за себе, така и за нивните миленици, пишува „Телеграф“.

Сепак, има многу други работи што треба да ги земете предвид кога планирате планинарење со вашето куче. Правилата се таму за да се почитуваат и да нè заштитат од потенцијалните опасности, а само внимателен сопственик може да ужива во планинарењето со куче.

Кал со бактерии

Играта во кал делува безопасно, но калта може да содржи штетни бактерии и паразити. Затоа, по планинарењето, длабински измијте ја калта од телото на вашето куче.

Дополните, внимавајте на тоа вашето куче да не ја лиже калта од своето крзно, што обично доведува до инфекции и гастроинтестинални проблеми.

Застоена вода

Кучињата природно сакаат да се хидрираат за време на прошетка, па често се свртуваат кон природните извори кои попатно ги наоѓаат.

Сепак, застоената вода претставува голем ризик бидејќи е погодна за развивање болести кои можат да се пренесат на вашето домашно милениче, како што се лептоспироза, џардија, криптоспоридиум, ешерихија коли, метили… Бактериите во барите може да бидат фатални за вашето куче.

Змии

Змиите се поактивни во лето и сакаат да се кријат во шумски лисја, што го зголемува ризикот од потенцијално опасна средба. Затоа, држете го вашето куче блиску до вас на патеката за да го спречите можното каснување.

Прочитајте нешто повеќе за видовите змии кои живеат во планинската област што ја посетувате.

Крлежи и болви

Пролетта и летото се главни сезони за крлежи и болви, кои пренесуваат сериозни болести на домашните миленици. Затоа, пред планинарење, нанесете превентивен третман против овие паразити и истражете ги местата каде што ги има најмногу.

Покрај болвите и крлежите, големи проблеми можат да направат и полжавите, кои исто така се носители на паразити и заразни болести, како што се белодробните црви.

Отровни растенија

Случајното или намерно голтање отровни растенија може да доведе до труење кое се манифестира со гадење и повраќање, а во постериозни случаи – откажување на бубрезите и црниот дроб, паѓање во кома, па дури и смрт.

Отровни растенија, кои растат покрај пешачките патеки, може да бидат различни видови на лилјани, пречурки, шафран, бршлен, нарцис, печкурки итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот