Ветеранот Стеван Јоветиќ пронајде нов клуб

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Црногорецот Стеван Јоветиќ пронајде нов клуб и во наредниот период ќе го носи дресот на Омонија од Кипар.

Јоветиќ одреден период тренираше со тимот на Будуќност, меѓутоа на крајот се одлучи да игра во првенството на Кипар.

Во Омонија пристигнува како големо засилување и многу се очекува од него. Се шпекулираше и за негов трансфер во Ријека, но тоа не се реализираше.

Низ кариерата Јоветиќ претходно настапуваше за повеќе европски клубови како: Манчестер Сити, Интер, Монако, Севиља, Херта Берлин и Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот