Весна Змијанац го откажа последниот настап: На пејачката ѝ е нарушена здравствената состојба

Фото: Инстаграм/Весна Змијанац

Српската пејачка Весна Змијанац вечерва (5 јули) требаше да одржи концерт во градот Бачка Паланка, но денеска беше објавено дека настапот е откажан поради здравствени проблеми на музичката ѕвезда.

Сега пејачката се огласи и откри како се чувствува.

„Не сум во болница, но би можела да бидам. Настапот е откажан бидејќи ми е висок притисокот. Сега се е океј. Всушност, ништо не е океј, но… Морам да мирувам. Вообичаено не работам во јули и август, но ете. Морам да одморам, не можам да функционирам на вакво топло време, не ми е добро. Веќе ништо не е исто по онаа операција“, изјави Змијанац за „Информер“.

Легендарната пејачка на народна музика неодамна имаше операција, кога ѝ беа вградени три бајпаси и стент. Змијанац признава дека животот многу ѝ се променил по тој зафат, но дека не може да мирува.

„Операцијата беше озбилна, но тоа не значи дека треба да си ги сменам навиките. Напротив, јас сум немирна и не умеам поинаку. Сега сум добро, односно одлично“, изјави таа неодамна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот