Венеција, Валенсија и Барселона имаат нови такси

Фото: Пекселс/farhan-algifari

Во Венеција заврши пилот-програмата со која на туристите им наплаќаше влез во историскиот центар на градот. Прибрани се повеќе од два милиони евра, а во иднина ќе се зголеми таксата за 100 отсто. Венеција воведе такса за еднодневно патување оваа година за 29 дена, главно за викенди и празници, од 25 април до средината на јули.

Официјалните лица рекоа дека парите ќе бидат искористени за основни услуги, вклучително и отстранување на отпадот и одржување. Освен овој град, нови такси од лани воведоа и Валенсија и Барселона за да се справат со прекумерниот туризам. Прага, Берлин, Хамбург, Бидимпешта и Амстердам веќе имаат ноќни такси за посетителите, Холандија има и копнена, но и водена туристичка такса. Амстердам наплаќа највисока туристичка такса во Европа.

Туристичките такси веќе одамна се наплаќаат во Австрија, Белгија, Бутан, Бугарија, Карибите, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Индонезија, Јапонија, Нов Зеланд и други. Тајланд ја воведе лани и таа чини 8 eвра. Грција најави дека догодина ќе воведе еколошка такса од 20 отсто за сите посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот