Величковски: Ковачевски го прочита блефот на партиите и поединците кои сметаа дека можат да го уценуваат формирањето на проевропско политичко мнозинство

Ивон Величковски Фото: Фејсбик Величковски

Со тези за „косовизација”, „албанизација”, „бугаризација” во Северна Македонија југо-скопјаните сакаат да спречат изворна македонизација на политиката на нацијата, порачува Ивон Величковски, иницијатор на Движењето за нова република и поранешен пратеник.

-Личи дека Ковачевски го прочита блефот на партиите и поединците кои сметаа дека можат да го уценуваат формирањето проевропско политичко мнозинство по мај 2024. Останува ова да го разберат уште оние кои мислат дека партиската политика во европска и евроатланска РСМ може да се води на исти основи како во ПЈРМ – пред се Мицкоски. Како и до сега, пасив-агресивните предупредувања „да не се застрани од патот на Скопје кон Брисел што три децении завршуваше во Белград” беа од истите кругови на „живаљевиќ” информативно-инфлуенсерската клика која се претставува како „јавност”. Откако им пропадна тезата за „бугаризација” и се виде дека деблокадата на македонските евроинтеграции зависи од Скопје, а не од Софија или Брисел, оваа клика и добар дел опозициски партии се вратија на преџваканата теза на „албанизација на Македонија”. Како и пред Преспанскиот договор впрочем – пишува Величковски.

Тој смета дека одредени структури во македонското општество се според него, нервозни што актуелното влајдејачко мнозинство гаи добри односи со сојузниците во регионот, со САД и со ЕУ.

-Чудно, иако Северна Македонија и Косово споделуваат сличности по историја од 1913 се до обидите за оспорување на независноста, скопската клика се обиде низ пежоративност на „косовизацијата” да го минимизира влијанието на Курти како меѓу Албанците вон Косово така и воопшто во регионот. Со тоа, иако спласна вештачката фама за клон на „Самоопределување” во Северна Македонија – не спласна основниот обид да се спречи пораката што Курти ја пренесе при неговата ланска посета – парафразирано: Северна Македонија да се држи до сојузниците во регионот и ЕУ и САД. Средбата на партиските делегации на СДСМ и Самоопределување покажува дека оваа порака Ковачевски ја има разбрано и дека меѓу соработка со Дака или Курти – го избира вториот. Правилно. Затоа средбата наиде на толку остри коментари, откако пораките на „јавноста” очигледно останале игнорирани. Оттука и нервозата на „живаљевиќи” – која допрва ќе расте и во медиумите и во партиите и во „бизнис-заедницата”. Впрочем опасност од „бугаризација”, „албанизација”, „косовизација”… кај нас секогаш се јавува кога југословенско Скопје чувствува(ше) опасност од македонизација на европска и евроатлантска (Северна) Македонија – заклучува Величковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот