Вечерва завршува фестивалот „Браќа Манаки“

Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“.

Тимот за филмот „Убиј ги прво децата“ претпладнево ќе биде претставен на прес-конференција во фестивалскиот прес-центар, а потоа ќе се одржи предавање во чест на Свен Никвист чија ѕвезда, заедно со останатите вкупно 18 се поставени и откриени на „Патека на славните“ на Широк Сокак.

Во текот на фестивалот кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“ беа емитувани 67 филмови во повеќе натпреварувачки категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот