Варшава го повика Вашингтон да ја вклучи во заедничката програма за нуклеарно оружје

Анджеј Дуда/ Фото EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека Полска разговара со САД да ја вклучи во програмата за нуклеарно споделување, која им овозможува на некои сојузнички земји да добијат американско нуклеарно оружје и да можат да го користат само доколку Вашингтон им дозволи.

„Проблемот е пред сè што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува дека Полска би можела да го има во блиска иднина. Секогаш постои потенцијална можност за учество во Програмата за нуклеарно споделување. Разговаравме со американските лидери за тоа дали САД размислуваат за таква можност Темата е отворена”, рече претседателот Дуда во интервју за полскиот неделник „Газета Полска”.

Полскиот претседател рече дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје укажуваат на начин на размислување дека Русија ако не биде голема, светот може да престане да постои.

„Доколку Русија започне нуклеарна војна, одговорните за неа ќе бидат проколнати низ целиот свет”, рече Дуда.

Белгија, Холандија, Германија, Италија и Турција се вклучени во заедничката програма за нуклеарен одговор, а нуклеарното оружје е во нивните бази, но може да се употреби само во рамките на заедничката одбрана на НАТО и со дозвола на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот