Вајмарскиот триаголник почнува да се подготвува за судир со Русија

Image: Christoph Soeder/dpa/picture alliance

Германија, Франција и Полска го обновуваат заборавениот Вајмарски триаголник за да ги зајакнат одбранбените капацитети на ЕУ со плановите за купување ракети со долг дострел и заеднички воени вежби.

Регионалната алијанса на Франција, Германија и Полска, создадена во 1991 година наречена „Вајмарски триаголник“ во голема мера е ставена на мраз во последниве години.

Сепак, руската инвазија на Украина која значително ја промени надворешната политика на Германија и Франција кон Русија, го направи форматот повторно релевантен, пишува „Дојчевеле“.

Односите беа затегнати за време на претходната националистичка влада на Полска, која неодамна ја загуби власта во земјата од влада поотворена за европска соработка.

Лукаш Јасински, аналитичар во полскиот институт за меѓународни односи, за „ДВ“ вели дека сите овие фактори кои се случуваат заедно создале прозорец на можности за Вајмарскиот триаголник.

„Ова е краток момент кога оваа соработка е во интерес на три земји, кога постои политичка волја и има перспективи и идеи кои ја носат нивната соработка на многу практично ниво“, објасни Јасински, додавајќи дека целта на Вајмарскиот триаголник е да испрати силна политичка порака до Русија.

Во март, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Доналд Туск се состанаа во Берлин за да го обноват Вајмарскиот формат и првенствено разговараа за заедничка соработка за поддршка на Украина.

Во понеделникот во Париз, министрите за одбрана од триаголникот најавија поконкретни чекори за зајакнување на улогата на Европа во НАТО како план Б во сценарио каде Американците нема да ѝ помогнат на Европа во случај на напад.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и неговите полски и француски колеги, Владислав Косињак-Камиш и Себастиен Лекорну, ги објавија плановите за купување ракети со долг дострел, поставувајќи механизам за набавка на „длабоко прецизно ударно оружје“ како што се крстосувачки ракети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот