Утре сите пензионери ќе добијат пензии повисоки за 2.500 денари

Пензионери/ Фото: МИА

Утре, на 1 октомври, вторник, ќе биде исплатена септемвриската пензија која ќе биде повисока за линеарен износ од 2.500 денари за сите пензионери.

Пензионерите кои добиваа 20.000 денари месечно како пензија, ќе добијат 2.500 денари повеќе односно 22.500 денари. Исто така, они кои примале пензии во износ од 40.000 денари, сега ќе добиваат 42.500 денари месечно.

Некои од македонските банки пензијата ја исплаќаат и ден претходно.

Директорот на фондот за ПИОМ, Никола Мемов, смета дека ако се задржел стариот модел со процентуална корекција на пензиите, зголемувањето би било незначително.

„Доколку сега се одеше со усогласување со таа иста методологија, согласно заводот за статистика, покачувањето ќе беше од само 4%. За минималната пензија, доколку имаше усогласување од 4%, зголемувањето на пензиите ќе беше за 528 денари, а за пензионерите што земаат 40 илјади денари, зголемувањето би било околу 1.600 денари“, вели Мемов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот