Утре ќе не одмине потенцијално опасен астероид

Астероидот 2024 МК кој беше откриен пред десетина дена и кој е потенцијално опасен за земјата утре ќе помине многу блиски до нашата планета.

Станува збор за прилично голем објект за кого се проценува дека е со дијаметар помеѓу 120 и 280 метри.

Вселенските објекти од околу 25 метри најверојатно ќе изгорат кога ќе влезат во атмосферата на Земјата и ќе предизвикаат мала или никаква штета.

Но, ако ова се случи со астероид поголем од 25 метри и помал од еден километар, приказната е поинаква.

Тогаш вселенското тело може да предизвика локално оштетување во областа на ударот.

НАСА наведува дека тело поголемо од еден километар може да предизвика негативни последици во глобална смисла.

Иако 2024 МК е поголем од 100 метри, односно големина на зграда, сепак нема причина за паника.

Експертите проценуваат дека ќе помине многу блиску до Земјата, но сепак на безбедно растојание.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот